Вести Економија Македонија Топ вести

Скинати цевки во блок 1 на РЕК Битола кој утрово исклучен од мрежа

Поради скинати цевки во котелот на постројката утрово блок 1 на РЕК Битола исклучен од мрежата. Од ЕСМ информираат дека се работи на отстранување на дефектот, за блокот во најбрз можен рок  да биде вратен во функција.

Од компанијата наведуваат дека заради енергетската криза во која се наоѓа државата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на делови од блоковите се изведуваат кога ќе се укаже можност за тоа, без притоа да се загрози стабилноста на постројките.

Во моментов недостатокот од електрична енергија поради дефектот во РЕК Битола се покрива од хидро потенцијалот, а извори за Телма велат дека ЕСМ веќе направила и нова набавка на струја… Во моментов од енергетските капацитети во државата работи само еден блок од РЕК Битола и еден блок од Тец Неготино.

Осломеј од завчера е исклучен од мрежата по пожарот од минатата недела кој изби во депото за јаглен.

Од владата пак соопштија дека во текот на вчерашниот ден АД ЕСМ произвело 18.491 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните (тогаш работел и првиот блок на РЕК) произведени биле 10.944 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени биле 7.547 MWh.

Во изминатото деноноќие AД ЕСМ не набави електрична енергија од странство, соопшти владата.

ЕСМ плаќа еден милион евра повеќе за набавениот гас од „Балкан Јутилитис“ бидејќи прифати фиксна цена во договорот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе