Вести Економија

Намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2022 година е намален за 1,3 отсто во однос на истиот период лани, додека во октомври 2022 година во однос на октомври 2021 бележи зголемување од 0,3 проценти.

Како што информира Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, бележи опаѓање од 3,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 0,6, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,3 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,1 отсто и Капитални производи за 8,7 проценти, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6,3, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,2 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе