Вести Економија

Арачиновци потрошиле пет пати повеќе струја од лани

Три општини во државава, во време на енергетска криза, трошеле повеќе струја од лани. Зголемувањето на потрошената струја во октомври годинава, во однос на истиот месец лани, имало во Арачиново за 474 проценти, што значи дека потрошувачката е речиси 5 пати поголема. Во Студеничани зголемувањето е 11 проценти, а во Лозово е 12 проценти.

– Од 81 општина , 65 општини во октомври постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од нив 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 проценти. Шеснаесет општини не успеале да заштедат повеќе од 15%, а само три имале поголема потрошувачка во 2022 – рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција.

На новинарско прашање дали ќе има казни за тие што не штеделе струја, тој рече дека за општините има само препорака за заштеда на струја од само 15 проценти, потенцирајќи дека има поделеност меѓу централната и локалната власт.

Најмногу заштеди имала Општина Новаци – 76 проценти, Општина Штип -72 проценти и Општина Сопиште 70 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе