Вести Економија Магазин Македонија

Најдобрите студенти на Економскиот факултет добија стипендии од осигурителни компании

Осигурителната индустрија во земјава бележи тренд на перманентен пораст, велат експертите. Девет најдобри студенти во четврта година на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје ќе добијат стипендии од осигурителни компании.

Оваа новина ја предвидува трипартитниот меморандум за соработка кој денеска го потпишаа  Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Економскиот факултет и Здружението на осигурителни компании.

Бројот на  квалитетни и задоволни осигуреници е клучен за квалитетен раст и развој на пазарот за осигурување, смета Шајноски .

-Пазарот на осигурување е стабилен, бројките растат, но дали може да биде подобро секогаш може. Чисто да знаете последните податоци од третиот квартал кажуваат дека неживотното осигурување расте со 7,8 %, животното осигурување расте со 17, 5% бидејќи сегментот на неживот е поголем во однос на живот. Генерално просечно пазарот осигурителен расте со 8,5% што е исклучително позитивен тренд од аспект на раст, изјави Крсте Шајноски, претседател на Совет на експерти на Агенција за Супервизија на Осигурување.

-Ова отвора можност осигурителните компании да стипендираат наши студенти во текот на нивното студирање, но и можност за нашите студенти кое се нуди од овој меморандум на соработка е изведување на практична настава на студентите како во Агенцијата за  за супервизија на осигурување, така и во другите институции од осигурителниот сектор во земјата. Практично да учат од осигурителните компании, рече проф.д-р Предраг Трпески, декан на Економски факултет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе