Вести Економија Најважни

Бектеши: Државните претпријатија заштедиле осум отсто струја

Владата препорача намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија за 15 проценти. Вкупната заштеда на јавните установи изнесува 20 отсто, 6 субјекти имаат остварено заштеда под 15 проценти. Најмалку штеделе Министерството за здравство, а Министерството за локална самоуправа ја зголемило потрошувачката.

Од овие субјекти, девет оствариле заштеди од минимум 15 отсто, пет оствариле заштеди помалку од 15 отсто, а два субјекта имаат поголема потрошувачка на електрична енергија – едниот за 10 отсто, додека другиот за над 50 проценти. Субјектот кај кој се забележува поголема потрошувачка на електрична енергија е ЈП Водостопанство – Македонија, информира Бектеши.

Министерот на прес-конференција во Владата претходно соопшти дека државните институции во септември реализирале вкупна заштеда на струја од 20 отсто.

Грејната сезона почна и треба сите ние во наредниот период малку да се фокусираме на штедење и на начините како да го направиме тоа. Една мала промена на секојдневните навики може да направи голема разлика, порача Бектеши.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ: Синдикалната кошница во јуни 68.654 денари

Дејан Дејан

Десетдневен прекин на дел од железничкиот сообраќај кон Велес, Битола и Гевгелија

Дејан Дејан

Размена на оган во јужен Либан и покрај примирјето меѓу Израел и Хезболах

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе