Вести Економија

Намалување на малопродажните цени на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43% % во однос на одлуката од 12.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,57%,  кај  дизелот намалувањето е во просек за 1,624%, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,02% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,209%, соопштува РКЕ.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,071% %.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1),  се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,886 ден/кг.

 Од 18.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

  Стари цени Нови цени
  Од 13.10.2022 Од 18.10.2022
     
Дериват ден/лит ден/лит
     
ЕУРОСУПЕР БС  – 95 89,00 89,00
ЕУРОСУПЕР БС  – 98 91,00 91,50
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д– E V) 103,50 103,00
ЕКСТРА ЛЕСНО 1 (ЕЛ-1) 99,00 98,50
БИОДИЗЕЛ Б6 БС 104,50 104,00
     
МЕТАН 184,00 ден/кг 184,00 ден/кг
АВТОПЛИН 50,00 ден/кг 50,00 ден/кг
МАЗУТ 51,920 ден/кг 51,034 ден/кг
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ: Синдикалната кошница во јуни 68.654 денари

Дејан Дејан

Десетдневен прекин на дел од железничкиот сообраќај кон Велес, Битола и Гевгелија

Дејан Дејан

Размена на оган во јужен Либан и покрај примирјето меѓу Израел и Хезболах

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе