Вести Економија Најважни

Мировниот договор САД – Иран носи надеж, но рано e за еуфорија

Најавите за мировен договор помеѓу САД и Иран влеваат оптимизам кај домашните експерти за постепено намалување на притисокот врз светската економија. Евентуалното смирување на тензиите на Блискиот Исток би можело да донесе смирување на пазарите и ценовните шокови. Сепак, предупредуваат дека се уште не е време за голема еуфорија, затоа што искуствата покажале дека кај малите економии, како македонската ефектите од глобалните кризи најчесто пристигнуваат со задоцнување.

Но, треба да знаеме дека и она што се случуваше до сега нестабилноста која постоеше остави определени лузни на нашата економија. Имавме зголемување на цените на енергенсите, дел од увозните производи имаше најавено и се уште ќе има тие се со одложено влијание зголемување на определени цени за определени производи кои ги увезуваме. Затоа што ефектот ценовен доаѓа со задоцнување. Вие сте набавиле пред еден месец стигнува сега и таа може да биде со повисока цена. Има, лузни по економијата, по трговијата по увозот извозот и така натаму. Имаме и лузни по буџетот, изјави за Телма универзитетскиот професор Борче Треновски.

Премиерот Мицксоки пак е убеден дека во овој период државата успешно се справува со кризата.

Така што ако овој договор помеѓу САД и Иран е финален и конечен тогаш можеме да бидеме прилично среќни како се справивме не очајувавме,  не свикуваме панични прес- конференции, туку работевме и еве дојдовме до оваа цел, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Со најавата за мировен договор падна и цената на нафтата на светските берзи. Па така се движи нешто над 80 долари за барел.

Но, домашните експерти освен што предупредуваат на претпазливост, апелираат дека она што требна да го научиме од ваквите кризи е како да се заштитиме од ненадејни случувања кои можат да нанесат сериозен удар врз економијата, нагласувајќи дека мора да се насочиме кон зголемено производство – особено на храната.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп домаќин на борбите на UFC

Дејан Дејан

Комедијата„Чудесна терапија“ утре бесплатно за граѓаните на Скопје

Дејан Дејан

Од полноќ ќе важат нови цени на горивата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе