Повеќе десетици жители на населбата Водно во делот околу улицата Питу Гули денеска протестираа и ја блокираа улицата во овој дел на Скопје барајќи реакција на надлежните локални и градски власти за да се зголеми безбедноста во сообраќајот на тој дел.
-Нема тротоари и пешачки премини, а возачите се движат со големи брзина со што е намалена безбедноста и има и удрени жители, велат оние кои беа на протестите.
Улицата Питу Гули е на падините на Водно и иако е помала улица често се користи од возачите кои од Водно и од правец на Клинички Центар кратат кога се движат кон Алумина и Карпош.
