Иран денеска испрати одговор за најновиот американски предлог до пакистанските посредници, јави иранската државна агенција ИРНА.
Во веста се нагласува дека преговорите во оваа фаза се фокусирани на крај на војната во целиот регион, без да се наведат детали за содржината на иранскиот одговор.
Тензиите во регионот на Блискиот Исток ексалираа по почетокот на американско-израелските воздушни напади врз Иран на 28 февруари, што резултираа со одговор на Техеран врз израелски цели и американските сојузници во Персискиот залив. Последица на тоа беше затворање на Ормускиот Теснец и скок на цената на енергенсите.
Вашингтон и Техеран испреговараа примирје на 8 април, но раговорите во Исламабад не доведоа до траен договор. Примирјето подоцна беше продолжено на неограничено време за да се даде шанса на дипломатијата во изнаоѓање на трајно решение на тензиите.
