Вести Најважни Свет

Постепено ѝ се стеснил социјалниот круг и се зголемила изолацијата – Италија регистрира прв случај на зависност од вештачка интелигенција

Италијанската служба за помош на лица со зависност (SERD) го регистрираше првиот случај на зависност од вештачка интелигенција во државата. Пациентка е 20-годишна девојка, јавија италијански медиуми.

„Токсичното пријателство“ со текот на времето се претворило во зависност. Случајот е регистриран во службата за лекување зависности на локалните здравствени власти во Венеција.

Девојката наводно била во постојана комуникација со систем за вештачка интелигенција што со текот на времето научил да ги препознава нејзините потреби и да генерира одговори прилагодени на нејзиното однесување. Тоа предизвикало постепено стеснување на нејзиниот социјален круг и зголемување на изолацијата.

Во објавата се нагласува дека случајот е уникатен, бидејќи не станува збор за класична зависност од супстанции, туку за специфична дигитална активност и интеракција со вештачка интелигенција.

Во меѓувреме, платформата „Рафинад“, врз основа на истражување на пазарот за маркетинг на инфлуенсери, објави дека повеќе од 20 проценти од блогерите редовно користат алатки за вештачка интелигенција во својата работа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе