Балкан Вести Свет

Румен Радев стана нов премиер на Бугарија

По бурна расправа, 124 пратеници од бугарското Народно собрание денеска го избраа поранешниот претседател, Румен Радев, за премиер. Ист број гласови доби и новата влада предложена од него, а се од партијата Прогресивна Бугарија. Пратениците од ГЕРБ – СДС беа воздржани, а ДПС, Демократска Бугарија, Продолжуваме со промените и Преродба гласаа против.

Министерскиот совет ќе има 18 министри и четворица вицепремиери. Двајца од нив – Иво Христов и Атанас Пеканов – ќе бидат вицепремиери без ресор. Министерот за финансии, Галаб Донев и министерот за економија, инвестиции и индустрија, Александар Пулев, исто така ќе ја извршуваат функцијата вицепремиери. Велислава Петрова-Чамова ќе биде министерка за надворешни работи.

Радев најави дека првата задача за новата влада ќе биде справување со растечките цени, рекордната инфлација и дефицит, претстојните  буџетски проблеми, пропуштените реформи, тешката глобална економска и енергетска криза и ескалацијата на конфликтите. Предлог-закони ќе бидат поднесени веќе на почетокот на следната недела. –

Меѓу главните цели на нашата политичка сила е забрзан развој и модернизација на земјата и гарантирање на безбедноста и благосостојбата на бугарските граѓани. За да ги постигнеме овие цели, ќе работиме на демонтирање на олигархискиот модел што ја зазеде земјата и враќање на правдата.Во оваа насока, ќе се придржуваме до нашата сеопфатна програма за елиминирање на олигархиската контрола врз владата и медиумите, прекинување на пристапот до јавните ресурси и рекетирањето врз бизнисот и воспоставување на владеење на правото, рече Румен Радев, премиер на Република Бугарија.

Победата на Радев треба да стави крај на политичката криза во Бугарија, каде што се одржаа осум избори за пет години. Неговата партија Прогресивна Бугарија, основана пред само неколку месеци, освои 44,6% гласови на изборите на 19 април, што ѝ обезбеди мнозинство во парламентот. Убедливата победа на Радев овозможи формирање еднопартиска влада во Бугарија за првпат од 1997 година.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе