Вести Свет

Бесент: Кина го „финансира“ Иран преку купување нафта

Министерот за финансии Скот Бесент изјави за „Фокс Њуз“дека САД го „задушуваат“ Иран преку блокадата во Ормутскиот Теснец.

Бесент, исто така, коментираше за претстојната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател СИ Џинпинг, која беше презакажана од април за мај поради војната во Иран.

Министерот за финансии рече дека кина го „финансира“ Иран преку купување нафта.

Можам да ви кажам дека го задушуваме режимот, а тие не се во можност да ги платат своите војници. Ова е вистинска економска блокада, и тоа во сите делови од владата, ситесе вклучени. Тој нема да покрене иницијатива за презакажување, колку што јас знам. Ги споменав односите на Кина со Иран на моите состаноци со Кинезите. И гледај,  Иран беше најголемиот државен спонзор на тероризмот. Претседателот Трамп го направи светот безбеден. Тој рече дека Иран не  може да има нуклеарно оружје. Тие мора да го предадат збогатениот ураниум. Тој ги уништи нивните воздухопловни сили, ја уништи нивната морнарица, ги уништи нивните фабрики, но дека тие се најголемиот државен спонзор на тероризмот. И Кина ги финансира со нивните  купувања на енергија. И ние ги охрабруваме да не го прават тоа. И тоа е тема на тековна дискусија, кажа Бесент.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Нов закон за органодарителство – одлуката ќе ја носи самиот граѓанин

Sasko Dimovski

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот скандал е политички избор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе