Бизнис објектив Вести Македонија

Бизнис објектив – Kризата што ја предизвикаа немирите на Блискиот Исток веќе ја чувствува и туристичкиот сектор

Секоја петта туристичка агенција или тур-оператор е со блокирана сметка. Според поднесените завршни сметки за 2025 година, во земјава се активни 324 туристички агенции и 54 тур-оператори. Податоците покажуваат и дека сите заедно во Управата за јавни приходи (УЈП) должат над половина милион евра по основ неплатени даноци и придонеси.

И енергетската криза предизвикана од немирите на Блискиот Исток веќе се одразува на туристичкиот сектор, за што сведочат и самите туристички работници.

„Може да дојде до минимално покачување на некои од дестинациите, меѓутоа нема да оди тоа нешто многу различно од досега што го имавме заради тоа што нашиот пазар е таков каков што е, ние ја знаеме куповната моќ на нашите граѓани. Затоа што со покачувањето на керозинот, не е тоа дека ќе се покачат само авионските билети, туку индиректно влијае и на другите услуги бидејќи ние даваме поголем ланец на услуги, од хотелско сместување, трансфери, логистика, услуга на водичите таму, екскурзии итн.“, вели Сузана Зелениковска, менаџерка за продажба во туристичката агенција „Фибула“.

Во вакви услови, се поставува прашањето колкав е капацитетот на туристичките компнии да се справат со актуелниот предизвик. Приходите во оваа дејност лани надминале 230 милиони евра, а вкупната добивка изнесува 5,5 милиони евра.

 „Во последните години компаниите подобро управуваат со финансиското работење, но дали тоа ќе биде заклучок и за 2026 година е прашање бидејќи Македонија се соочува со едни големи предизвици во таа глобална слика, односно оваа дејност е изложена на сериозен ризик, а тоа го укажуваат и зголемениот број блокирани банкарски сметки, зголемениот долг кон УЈП, како и намалениот интерес за основање компании, односно за влегување на овој пазар од страна на стартапи и новоосновани субјекти“, вели Огнен Огненоски, основач и директор на „Бизнис мрежа“.

Но, просечната плата во овој сектор и натаму е скромна. Во 2022 година изнесувала околу 290 евра, а во 2025-та 400 евра. Тоа значи дека иако просечната плата во оваа дејност расте, сепак е за само околу 50 евра над минималецот.

Мирјана Јовеска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе