Вести Македонија Најважни

Законот за минерални суровини ги крева еко активистите – бараат претседателката Сиљановска да не го потпишува

Граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ остро реагира по усвојувањето на новиот закон за минерални суровини во Собранието, оценувајќи дека станува збор за сериозен правен и еколошки преседан.

Во јавниот апел упатен до претседателката Гордана Силјановска Давкова, тие бараат да не го потпише указот за прогласување на законот и да го искористи правото на вето.

Според „Здрава котлина“, суштинскиот проблем лежи во одредби што овозможуваат концесионери за рудници да започнат активности пред целосно да се решат имотно-правните односи со сопствениците на земјиштето.

Тие тврдат дека ваквото решение директно го нарушува уставно загарантираното право на сопственост и создава правна несигурност, со ризик од конфликти на терен и потенцијални финансиски обврски за државата.

„Поради тоа што приватната сопственост е загарантирана со устав, а ова со менување на законот навлегува во делот со експропријација. Сега на кој било концесионер му се овозможува да почне да копа веднаш штом добие дозвола за експлоатација. За да се добие дозвола потребно е да се расчистат имотно-правните односи, сметаме дека државата ќе биде во загува секако ќеплаќа отштета“ вели Ѓорги Танушев – еко активист од „Здрава котлина“

Паралелно, иницијативата предупредува дека законот значително ги олеснува процедурите за отворање рудници во земјоделски и населени региони, што, според нив, претставува закана за животната средина и здравјето на граѓаните. Тие се загрижени дека повторно ќе воскреснат апетитите за рудници во Струмичко, Валандовско, Гевгелиско.

Очигледно е дека натаму оди работата. Јас ќе ги потсетам на тоа што о зборуваа пред избори во 2023 година, па и пред локалните избори. Има снимки, видеа, интервјуа, нека се потсетат. Ако вака се тера, народот ќе се побуни, има раздвижување на терен. Страв лозје чува а ние сме подготвени да делуваме“, изјави Танушев.

.„Здрава котлина“ оценува дека законот е донесен набрзина и без доволна јавна дебата, со потенцијални политички и економски интереси во позадина.

Во нивниот став се потенцира дека прашањето за рударството не треба да се гледа низ идеолошка призма, туку како прашање на здравје, животна средина и владеење на правото.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе