Вести Економија Најважни Свет

Трамп најави зголемување на тарифите на автомобилите од ЕУ на 25%, обвинувајќи ја ЕУ дека не го почитува трговскиот договор со САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од Европската унија на 25%, обвинувајќи дека ЕУ не го почитува договорот постигнат минатото лето со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Трамп во објава на социјалните мрежи во петокот рече дека ЕУ „не го почитува нашиот целосно усогласен трговски договор“.

Тој не даде дополнителни причини за најавеното зголемување, но оваа најава доаѓа во момент на зголемени тензии меѓу Белата куќа и ЕУ.

Германија најверојатно ќе биде силно погодена од ваквите царини, бидејќи е одговорна за голем дел од извозот на автомобили од ЕУ.

Портпарол на Европската комисија изјави дека ЕУ ги спроведува своите обврски „во согласност со стандардната законодавна практика“ и дека постојано ги информира САД. Унијата останува „целосно посветена на предвидливи и заемно корисни трансатлантски односи“, но ќе ги задржи „сите опции отворени за заштита на интересите на ЕУ“.

Бернд Ланге, водечки европратеник во преговорите за имплементација на договорот, ја критикуваше најавата на Трамп како знак на „јасна недоверливост“ и го обвини САД за повторено „кршење на обврските“.

Трамп и Урсула фон дер Лајен се договорија минатото лето за трговски договор кој предвидуваше царина од 15% за повеќето стоки.

И САД и ЕУ претходно ја потврдија својата посветеност на овој договор, познат како „Договор од Турнбери“, именуван по голф-теренот на Трамп во Шкотска.

Но, статусот на договорот беше доведен во прашање откако Врховниот суд на САД пресуди дека претседателот нема законско овластување да прогласи економска вонредна состојба и да воведе царини за ЕУ.

Првичниот плафон од 15% беше намален на 10% по одлуката на судот, додека администрацијата на Трамп воведе нови увозни давачки врз основа на други закони.

Администрацијата спроведува истраги за трговски нерамнотежи и ризици за националната безбедност, што може дополнително да го загрози договорот.

ЕУ претходно соопшти дека договорот би им заштедил на европските производители на автомобили меѓу 500 и 600 милиони евра месечно.

Вредноста на трговијата меѓу ЕУ и САД во 2024 година изнесувала 1,7 трилиони евра, односно околу 4,6 милијарди евра дневно.

„Договор е договор“, соопшти Европската комисија во февруари, додавајќи дека очекува САД да ги почитуваат преземените обврски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави поевтинување на горивата од понеделник

Дејан Дејан

Мицкоски: До 1 јули во Собранието ќе биде доставен предлогот за нов владин кабинет

Дејан Дејан

Еден загинат и повеќе повредени во руски напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе