На две лица им е одреден притвор и против нив ќе биде поднесена криивчна пријава за „тероризам“, за обид да се опожари верски објект на Еврејска заедница во Скопје. Двете лица се од Скопје и се на возраст од 21 и 38 години.
„По наредба на јавен обвинител, лицата се задржани за понатамошна постапка, по што од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам е поднесена кривична пријава против А.Љ (21) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б и А.Р. (38) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б од КЗ во врска со член 24 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор“, соопшти полицијата.
Од МВР додаваат дека за инцидeнтот што се случи на 12 април околу 04:50 часот, приведени се вкупно 7 лица, а претреси имало на 13 локации во Скопје. Одземени се предмети и електронски уреди поврзани со кривичното дело.
Според индициите на Агенцијата за национална безбедност лицата кои се најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, се дел од радикална групација идеолошки надоврзани на глобалната мрежа на Исламска држава, кои непосредно по повикот на споменатата терористичка организација од почетокот на април, презедоа насилни активности.
Обид за подметнување пожар во објектот на Еврејската заедница во Скопје
