Пораки меѓу поранешната претседателка на антикорупциска Татјана Димитровска и поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ се читаа во судница, каде таа е обвинета за оддавање на службена тајна.
Според обвинителството, со пораките во кои таа му открива на Стојановиќ дека ќе провери кој е обвинител во предмет кој се води во обвинителството, но и тоа што испраќа одлуки од институцијата кои не се анонимизирани го докажува обвинението.
За одбраната, овие пораки не се ниту откривање тајна, ниту, пак, ексдиректорот не е лице кое не било запознаено со постапките што се воделе во ДКСК.
