Вести Свет

Трамп го отфрла иранскиот предлог

Американски функционер тврди дека Доналд Трамп не е задоволен од предлогот на Иран за прекин на војната, бидејќи не го опфаќа клучното прашање за нуклеарната програма.

Според Вашингтон, токму ова прашање мора да биде во центарот на преговорите од самиот почеток… И покрај посредничките напори на Пакистан, разликите меѓу двете страни остануваат длабоки, а преговорите се во застој.

Дополнителен удар за дипломатските напори беше одлуката на Трамп да ја откаже посетата на специјалниот пратеник Стив Витков и советникот Џерад Кушнер на Исламабад, каде требаше да се одржи нова рунда разговори. Овој потег ги намали надежите за брз напредок кон решение на кризата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

„Поетски портрет“ и „Поетско кафе“ со добитничката на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, Анеке Брасинга

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе