Денеска во 12:00 часот пред Собранието на ул. „11-ти Октомври“ ќе се одржи протест организиран од група граѓани, кои изразуваат незадоволство од постапувањето на Управата за јавни приходи во врска со оданочување на приходи остварени во странство изминатите години.
Протестот е најавен како реакција на барањата за плаќање данок на вакви приходи, при што организаторите сметаат дека одлуките на институциите се спорни и неприфатливи.
Настанот се очекува да се одвива пред зградата на законодавниот дом.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, а доколку има потреба, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици. Граѓаните се повикуваат да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.
