Дојави за бомби изутринава повторно биле испратени до неколку гимназии во Загреб, по што се спроведуваат нови евакуации на основни и средни училишта во западниот дел од градот.
Дојавите за поставени бомби биле испратени и на адреси на медиуми.
Хрватска минатата недела се соочи со серија лажни дојави за бомби, поради што наставата во многу училишта низ земјата беше прекината. Освен училишта, закани добиле и градинки, како и некои трговски центри.
Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ во петокот оцени дека извештаите за поставени бомби се форма на хибридно војување и дека полицијата соработува со некои европски земји за кои верува дека можеби ги сместуваат серверите и домените од кои биле испратени заканите.
