Вести Најважни Свет

Пукање за време на вечерата на дописниците од Белата куќа во Вашингтон

Вооружено лице кое отвори оган во лобито на хотелот Хилтон во Вашингтон ја прекина традиционалната вечера на Дописниците од Белата куќа. Трамп и потпретседателот ЏД Венс беа набрзина евакуирани веднаш откако се слушнаа првите истрели.

Според безбедносната процедура на Тајната служба, потпретседателот беше првиот евакуиран, додека повеќе агенти го опкружија Трамп и првата дама Меланија, пред и тие да бидат евакуирани.

Додека шокот и стравот беа очигледни на лицата на првата дама и претседателката на Асоцијацијата на дописници од Белата куќа, Веиџа Џианг, кои седеа од двете страни на претседателот, Трамп делуваше смирено.

Слушнав некој звук, прво помислив дека е послужавник кој паднал. Тоа сум го слушнал многу пати и е прилично гласно. И беше од доста далеку, воопшто не ја пробил областа, го фатија. Значи, беше прилично далеку, но сепак било пиштол, изјави подоцна трамп.

Снимките од безбедносните камери во хотелот Хилтон прикажуваат како напаѓачот, 31 годишниот Кол Томас Ален претрчува покрај обезбедувањето додека отвора оган кон нив. Обезбедувањето миг подоцна возвраќа, по што тој е повреден и совладан.

Ален погодил еден од припадниците на Тајната служба, но агентот носел панцир, и се здобил само со лесни повреди.

Според американските медиуми, по добивањето медицинска нега, Ален ќе биде обвинет за употреба на огнено оружје во извршување злосторство и напад со опасно оружје врз федерални агенти.

Од тоа што го знаеме до сега, јасно е дека оваа индивидуа имала намера да нанесе колку што може поголема штета. За среќа, поради контролниот пункт пред салата, каде се наоѓаа илјадници луѓе кои чекаа да го слушнат Претседателот на САД, поради тоа што контролниот пункт го запре, немаше никој повреден, откако стане јасно каде осомничениот се упатил, рече обвинителката џејни пиро.

Откако напаѓачот беше совладан, безбедносните служби ги евакуираа останатите гости на вечерата.

Вечерата само што започна. Претседателот и Првата дама само што пристигнаа во салата. Неколку минути подоцна, луѓето беа послужени со првите специјалитети и се слушна некаква погласна врева. Тајната служба дотрча и ги повлекоа Првата дама и Керолајн Левит, кои беа на подиумот, ги однесоа на безбедно. После тоа сите беа на подот, сите новинари, сите гости, сите достоинственици беа на подот, ја опиша сцената амер махдани, дописникот на новинската агенција Асошиејтед прес.

Од првиот обид за атентат врз него, ова е четврт пат да се случи вооружен инцидент или пукање во близина на Доналд Трамп. Затоа, новинарите го прашаа зошто толку често се случуваат вакви инциденти околу него. Споредувајќи се со Абрахам Линколн, еден од најпознатите американски претседатели, претседателот кој го укина ропството во Соединетите држави и ја предводеше унијата за време на граѓанската војна против јужните колонии, Трамп рече дека луѓето кои сакаат да променат нешто секогаш се мета на вакви лудаци.

Ние не ги напаѓаат оние што не работат ништо, бидејќи тоа го сакаат. Кога ќе ги погледнете луѓето кои или преживеале обид за атентат или биле убиени, сите се влијателни луѓе. Само погледнете ги имињата, големите имиња, не сакам да кажам дека сум почестен од тоа, но и јас имам направено многу, рече трамп.

На 13 јуни 2024, Во Батлер, Пенсилванија, за време на митинг атентатор пукаше кон Трамп, при што загина едно лице од публиката, додека пак Трамп се здоби со мала повреда на десното уште. Во септември истата година, Тајната служба застрела лица кое поставило снајперско гнездо во грмушките на теренот за голф во Палм Бич на Флорида, каде во тој момент Трамп играл голф со пријатели. Во февруари годинава, Тајната служба исто така застрела вооружено лице кое го пробило безбедносниот периметар на приватната резиденција на Трамп во Мар а Лаго, на Флорида.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе