Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи замина од Исламабад пред доаѓањето на американските преговарачи, Стив Виткоф и Џеред Кушнер. По средбите со премиерот и шефот на пакистанскиот генералштаб, Техеран соопшти дека Арагчи ги претставил иранските позиции во однос на регионалната состојба, потенцирајќи дека средба со американските преговарачи воопшто не била предвидена.
Од американската делегација која се очекува да пристигне во пакистанската престолнина недостасува потпретседателот ЏД Венс, кој учествуваше во првата рунда преговори. Белата куќа соопшти дека тој ќе биде достапен веднаш да се вклучи доколку има потреба од него.
Се надеваме дека ќе биде постигнат напредок и се надеваме дека од состаноков ќе има позитивен развој. Ќе видиме. Претседателот, Потпретседателот и Државниот секретар овде ќе чекаат за информации. Потпретседателот, како што знам, е подготвен да замине за Пакистан ако одлучиме дека тоа е вредно користење на неговото време, изјави порптаролката на белата куќа, керолајн ливит.
Претходно неделава американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи на неопределено примирјето, но тоа не придонесе за намалување на тензиите околу Персискиот залив, а особено клучниот Ормуски теснец. Иранската Исламска Револуционерна гарда не им дозволува на бродови да поминуваат низ него без да платат такса, додека пак американската морнарица ја зацврстува поморската блокада на иранските пристаништа.
Во оваа основа мисија, американската волја е непоколеблива, нашите способности неспоредливи, нашата блокада се зголемува и станува глобална. Како што кажа претседателот, го имаме целото време на светот. Иран има историска шанса да постигне сериозен договор, и топката е во нивни раце. Во спротивно, Министерството за војна е подготвено за сѐ, порача американскиот министер за одбрана, пит хегсет.
Острата реторика не помага во градењето доверба меѓу двете страни за да има позитивен напредок во дипломатските напори. Убедени дека другата страна го користи процесот за да купи време, и Вашингтон и Техеран инсистираат на своите услови, додека меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето.
Игор Трајков
