Вести Македонија Свет

Трамп сега вели дека нема да брза со завршувањето на војната со Иран

Тензиите во Персискиот залив продолжуваат, додека и двете страни, Соединетите држави и Иран продолжуваат да го употребуваат конфронтирачкиот речник поради кој дипломатијата тешко постигнува напредок. Втората рунда преговори во Исламабад, не се одржаа затоа што од една страна Вашингтон инсистира дека прво Иран треба да го отвори за транспорт Ормускиот теснец, додека пак условот на Техеран од другата страна е да прекине американската поморска блокада за бродови кои испловуваат од иранските пристаништа. Американската морнарица досега заплени два танкери кои пренесувале иранска нафта, а иранската Револуционерна гарда отвори оган кон три бродови во Ормускито теснец, за кои тврди дека немале дозвола за премин.

„Поради сето ова се појавија прашања дали воопшто ќе ги видиме преговарачите повторно на маса во пакистанската престолнина, Исламабад. И додека овие напади во морето продолжуваат, тоа навистина го става примирјето под нов притисок и го поставува прашањето дали повторно ќе видиме разгорување на борбите“, извести Џон Гамбрел од Асошиејтед прес

Претходно американскиот претседател изјави дека нема да брза со завршување на војната и постигнување договор со Иранците, и покрај тоа што таа одамна го проби предвидениот рок од 4 до 6 недели.

„Ме сакам да брзам, сакам да го искористам времето. Имаме време, и сакам да постигнеме одличен договор. Сакам да постигнеме договор по кој нашиот народ и светот се безбедни од лудаци со нуклеарно оружје“, рече претседателот на САД Доналд Трамп.

Техеран продолжува да инсистира дека Ормускиот теснец се негови територијални води, и уште еднаш го обвини Вашингтон за прекршување на примирјето.

„Блокадата на брегот на една држава, блокадата на бродовите од брегот на државата, се примери за чинови на агресија врз основа на Членот 3 од конвенцијата на ООН 3314 од 1974 година. Нападите врз бродови, исто така, се прекршување на примирјето и меѓународното право“, вели Есмаил Багеи, портпарол на Министерство за надворешни работи на Иран

Во меѓувреме, и покрај спорадичните напади на Израел во Либан, Трамп соопшти дека примирјето меѓу Хезболах и Еврејската држава било продолжено за уште три недели, по постигнатиот напредок за време на средба меѓу претставници на Израел и Либан во Белата куќа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе