Заматена е водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради обилните дождови во околината на изворите, соопштија од јавните комунални претпријатија.
Издадено е предупредување до граѓаните пред консумација истата да ја превриваат.
ЈП „Комуналец“ Кавадарци ја следи состојбата и најави дополнителни известувања кога водата повторно ќе се нормализира.
Слично соопштение испрати и „Комуналец“ Неготино, советувајќи ги жителите да преземат мерки за безбедна употреба на водата додека трае заматувањето.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
