Вести Македонија

Три нови електронски услуги во областа на високото образование

Образец за дипломирани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи, образец за лица кои се стекнале со назив магистер специјалист и образец за лица доктори на науки кои одбраниле докторски труд. Ова се трите нови електронски услуги во областа на високото образование кои се достапни на националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk.

„Овие услуги имаатза цел да го поедностават и да го дигитализираат процесот на доставување на статистички податоци за завршени нивоа на високо образование. Со нивното воведување се овозможува побрзо, поефикасно и поедноставно пополнување и доставување на потребните информации, без административни бариери и со значително заштедено време“, беше речено на денешната промоција на услугите на Државниот завод за статистика (ДЗС) во соработка со министерството за дигитална трансформација.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 13 загинати и 66 повредени – голема експлозија во Катар

Sasko Dimovski

Понудената откупна цена за јачменот не ги покрива ниту трошоците за производство – велат земјоделците

Дејан Дејан

Амандманот не се прифаќа – повторуваше министерот за правда Филков и одби 50 предлози на опозицијата за судските закони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе