Вести Македонија Топ вести

Тренчевска: Трагедијата во Карпош е аларм,  одговорност од Тошковски мора да има

Со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност, дури и кога пријавата е повлечена, нагласи на денешната прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, а во однос на трагедијата во скопската населба Карпош. Тренчевска посочи дека непостапувањето на институциите согласно законските обврски доведе до трагични последици.

  • „Со измените на Кривичниот законик насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност. Дури и кога пријавата е повлечена. И не само кога има телесни повреди, туку и кога со насилството се нарушува здравјето на жртвата. Полицијата е обврзана да постапува и согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“, рече Тренчевска.

Тренчевска посочи дека загрижувачки е фактот што жртвата две години пријавувала семејно, физичко и психичко насилство, имало 12 пријави за сопругот кој имал и други обвиненија и пријави, меѓу кои и за дрога. Институциите имале сознанија и било пријавувано, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите.

  • „Потфрли Панче Тошковски. Потфрли МВР. Потфрлија центрите за социјална работа. Потфрли целиот институционален систем. Формалното постапување, игнорирањето на законските обврски и непостоењето на навремена реакција доведоа до најстрашниот исход – трагична смрт на мајка и дете“, рече Тренчевска.

Таа додаде дека ова не е изолиран случај и потсети дека пред неколку месеци во Велес млада жена беше убиена заедно со нејзиниот татко, која исто така пријавувала насилство, а институциите повторно не реагирале навреме.

  • „Само во 2026 година веќе се изгубени четири животи поради родово базирано и семејно насилство. Ова е аларм за ресет на целиот систем и повик дека одговорност мора да има“, рече Тренчевска.

На прес-конференцијата, Тренчевска повика МВР да спроведе темелна истрага која со име и презиме ќе утврди одговорност кај сите службени лица – во МВР, центрите за социјална работа и во сите институции кои потфрлиле, а министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да си поднесе оставка.

ВМРО ДПМНЕ: срамно е СДСМ да користи трагедии

Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија СДСМ дека ја злоупотребува трагедијата во скопски Карпош за политички поени, откако опозициската партија побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Од владејачката партија порачаа дека е „срамно и безобразно“ СДСМ да бара одговорност во овој момент, тврдејќи дека и во минатото оваа партија користела трагедии за политичка пресметка, наместо за емпатија.

Притоа ги посочија случаите „Нешковски“, „малата Тамара“, „Диво Насеље“ и „Смилковско Езеро“, за кои, според нив, СДСМ ветувала правда пред да дојде на власт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе