Жител на Катанија, Сицилија, го дресирал своето куче да фрла вреќи со ѓубре покрај патот во обид тој лично да ги избегне надзорните камери наменети за борба против фрлање на ѓубре на недозволени локации, соопшти општинската полиција.
Полицијата го објави видеото на својата фејсбук страница за да ги предупреди граѓаните на сериозните последици од расфрлање на ѓубре насекаде. Однесувањето на сопственикот е “итро колку што е двојно погрешно“, напишаа полицајците во објавата.
-Инвентивноста никогаш не може да стане алиби за некултурно однесување, порача полицијата во Катанија, град како и целиот остров познат како место на раѓање на мафијашката организација Коза ностра.
Нелегалното фрлање отпад е постојан проблем во Италија, особено на југот на државата, со значителни еколошки и економски последици. Во 2023 година, регистрирани се повеќе од 9.300 прекршоци поврзани со отпадот – што е зголемување од 66% во однос на претходната година.
Казните се за луѓе, не за кучиња кои се злоупотребени од сопствениците. Во Македонија го нема тој проблем, па самите луѓе често фрлаат ѓубре насекаде и многу често формираат диви депонии на нови локации или на штотуку очистени места покрај патишта или реки.
View this post on Instagram
