Јеменското движење Хути соопшти дека ќе ги продолжи ракетните и беспилотните напади врз Израел и врз бродските патишта во регионот, како поддршка за Иран.
Неименуван претставник на групата изјавил дека одлуката е донесена по последните случувања на Блискиот Исток, а според наводи пренесени од Тајмс оф Израел, првиот напад би можел да се случи уште вечерва.
Хутите претходно ги суспендираа нападите врз бродските рути во Црвеното Море и кон Израел, како дел од договор со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидуваше и запирање на американските напади врз нивните позиции во Јемен.
Меѓувреме, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран со цел елиминирање на безбедносните закани, при што е прогласена вонредна состојба на целата територија на земјата.
