Вести Македонија Најважни

Тринаесет полициски службеници од Кочани и Штип ќе седнат на обвинителна клупа поврзани со „Пулс“

Тринаесет полициски службеници од ОВР Кочани и СВР Штип ќе седнат на обвинителна клупа, за тешки дела против општата сигурност, а се поврзани со нивното постапување два дена претходно и за вечерта на најголемата трагедија во поновата македонска историја. Во пожарот во кочански „Пулс“, згаснаа 63 животи, а околу 200 млади луѓе беа повредени.

Кривичниот суд соопшти дека обвинението на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција се одобрува во целост.

Со ова обвинение се опфатени и полициски началници и командири кои биле на функции кобната ноќ кога се случи пожарот.

Според обвинението, во периодот од 14 до 16 март 2025 година обвинетите полициски службеници одобриле и спровеле план за акциска контрола на угостителски објекти без целосна проверка дали се испочитувани законските прописи и безбедносните процедури.

При контролата во кабарето не биле преземени соодветни мерки за заштита на присутните лица, ниту било спречено користење на непријавена пиротехничка опрема, што довело до настанување на пожарот.

Судот соопшти дека преку АКМИС системот ќе биде определен судски совет и датум на судењето.

Се наближува и една година од трагедијата денеска во Кочани семејствата на загинатите и повредените, Црвениот Крст, Болницата и Општината информираа дека од 14 до 16 март ќе имаат низа на настани за одбележување на годишнината од пожарот во Пулс.

  • Подготвивме  заедничка и достоинствена програма со која ќе им оддадеме почит на загинатите, ќе ја изразиме поддршката кон повредените и ќе искажеме искрена благодарност кон сите што несебично помогнаа во деновите на најголемата болка. Програмските активности се распоредени во три дена, вели Грозданов, градоначалник на Кочани.

И оваа сабота во Кочани ќе се маршира за ангелите, вистината и правдата. Здружението 16 март 2025 ги повикува граѓаните на Маршот на ангелите кој почнува од 15 часот и 5 минути од Паркот на слободата во Кочани.

Викторија Јованова

 

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Продолжува потрагата по преживеани од земјотресите во Венецуела

Igor Trajkov

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе