Вести Македонија Најважни

Крави шетаат без контрола, направените штети без надомест: Жителите на Крива Паланка бараат одговорност

Не стивнува револтот, жители на Крива Паланка на протест против кравите скитници. Зад пустошот кој го оставаат на нивите, одговорност нема, а нема ниту решителна акција на надлежните. Реагираат дека кравите имаат газди, но над газдите нема контрола. Реакцијата на мештаните доаѓа откако, сопственичките на кравите, кои така се прикажуваат во јавноста ги растеруваа говедата да бегаат кон ридовите, додека инспекторите на АХВ се обидуваа да ги втераат во камиони.

Револт, гнев, и многу прашања до одгворните. Жителите на десетина села во Крива Паланка одново на  протест. Изгасени пролетни змејдолески кутлури, и страв да се вози на околните патишта. Неконтролирани говеда со денови шетаат низ полињата и зад себе оставаат пустош. Она што со месеци го саделе и негувале, за една ноќ им исчезнува пред очи. Садиме за да се прехраниме. Некои од нас од ова живеат тоа ни е единствен приход. Не е фер некој да чува стотици говеда, а ние да останеме без леб“, велат револтирано мештаните.

„Да се вдомат културно, да ги нема на нашите ниви за да можеме ние, еве сега иде пролет кога треба да ги засадиме нашите земјоделски култури. А дали очекуваме тоа да ние на есен ќе ги обереме или ќе дојдат кравите да ни ги изедат“, рече жител на Крива Паланка.

„Оваа година имам штета од 20 тони уништена зелка пред берба. Значи наназад и други години али како оваа година целото производство ми е уништено. Сега сум во ситуација да барам социјална помош“, вели жител на Крива Паланка.

Стравот, велат, не е само за лебот – туку и за безбедноста. Говедата се движат неконтролирано и низ селата, а институциите, според нив, со месеци молчат.

„Доколку државата не преземе со добитокот ние ќе бидеме принудени да го донесеме овде на плоштад. Мештаните населението на градот, на селата ќе ги собереме и ќе ги донесеме на директорот на АХВ“, посочи жител на Крива Паланка.

Општината нема надлежност но и дава поддршка на жителите кои го изразуваат револтот, порача градоначалникот кој беше присутен на денешниот протест. Побара институциите да реагираат веднаш за да не дојде до поголема штета.

„Општината никаде и со никаква законска надлежност во вакви случаи нема овластување да постапува. Без да се дава политички контекст денеска сме тука да алармираме дека конечно треба да се најде решение на проблемот“, изјави Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка.

Граѓаните  велат овој протест е последен апел. Ако државата не ги слушне сега, прашуваат кога? Бараат итни мерки, одговорност и конечно решение. Зашто трпението, како и нивите, веќе им е изгазено.

Вчера во Крива Паланка имаше акција на АХВ за одземање на добитокот. Инспекторите беа попречувани од сопствениците, па заловија само 20-тина крави. Атмосферата беше тензична, кравите се шетаа, екипите се обидуваа да ги фатат, сопствениците ги бркаа назад кон ридот. Гоце Ѓорѓиевски за Телма тврдеше дека нема проблем што добитокот му се одзема, туку апелираше тој добро да се чува но и да му се плати поради тоа што со години ги чувал и одгледувал. Ахв претходно залови 60-тина крави кој се наоѓаат во кланица и чекаат на одлука на Влада, за тоа каква ќе биде нивната судбина.

Симона Петровска

Дигитална обработка: Т.Д.

Вестерн сцени во Крива Паланка: Семејство ги брка кравите по ридовите за да ги „спаси“од инспекторите на АХВ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Продолжува потрагата по преживеани од земјотресите во Венецуела

Igor Trajkov

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе