Вести

Лажните вести не се само медиумски проблем, туку економски, општествен и образовен предизвик – дебата на тема „Медиумите и социјалните мрежи и како да се врати довербата во истите“

Во ера на информациско изобилство, но и длабока информациска криза, лажните вести не се само медиумски проблем, туку економски, општествен и образовен предизвик, беше забележано на дебатата на тема „Медиумите и социјалните мрежи и како да се врати довербата во истите“ во организација на Францускиот институт, Фондацијата Метаморфозис и Економскиот факултет во Скопје. Дезинформацијата е суштинска тема денес за заштита на нашата слобода и демократијата, рече францускиот амбасадор Ле Риголер.

„За вакви прашања поврзани со дезинформацијата и интегритетот на самата информација најважното е образованието, а тоа образование е лесно да се каже, но е многу комплицирано да се спроведе, затоа што имате големи мочуришта со информации. Нашите деца се соочени со тоа, но тоа не значи дека треба да се откажеме од информирањето, туку дека секој од нас треба да биде способен да развива критичен капацитет и мисла. Самите да си го поставиме прашањто дали оваа информација е точна, дали е можеби дезинформација и дали има некакви скриени намери кои се пласираат преку таа информација“, изјави Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција во Македонија.

„Во АФП имаме 130 проверувачи на факти кои се распоредени во целиот свет и работиме на 26 јазици. Ние користиме повеќе различни алатки за да се направи проверка на факти“, рече Лавинија Абот, уредничка во европскиот тим на агенцијата АФП Факт Чек.

„Ние се бориме против одреден тип на дезинформации кои се најопасни, најтоксични за демократијата и за правната држава. Тоа значи сите оние случаи каде што политичари, чинители на случаи, ќе дадат лажни информации на социјалните мрежи околу функционирање на институциите, на правната држава и на политиката“, порача Венсен Курон, директор на Ле Сирлиње.

Н.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе