Вести Македонија Најважни

(видео)Серискиот убиец од кумановско: како средношколец бил агресивен, вулгарен и предизвикувал инциденти, социјалните служби биле известени

Како проблематичен и агресивен бил оценет осомничениот сериски убиец од Кумановско кога бил средношколец.

Писмо изработено во средното училиште Киро Бурназ каде учел 25-годишникот кој сега е осомничен за повеќе убиства открива низа пропусти на институциите.

Во него е опишана состојбата и инцидентите кои ги предизвикувал, а дефектологот од училиштето мислењето на службите кое е од 29. јануари 2019 година го испратила и до Центарот за социјални грижи.

Телма дојде до снимки од серискиот убиец во Старо Нагоричане- 83-годишната жена со итроштина се спасила од напаѓачот

Социјалните служби биле запознаени дека најчесто не присуствува на часови, често не ја расудува реалноста од филмовите кои ги гледа на телевизија, дека е вулгарен и агресивен.

  • Мислење на стручна служба на ССОУ Киро Бурназ – Куманово: Покажува огромни симпатии кои спротивниот пол и тоа го прави доста директно, со кажување на несоодветни зборови и истото го прави секојдневно. На 28.01.2019 год. покажа висок степен на агресија во стручната служба: ја отвораше вратата, зборуваше безобразни работи упатени кон дефектологот, и откако му беше затворена вратата, ученикот почна со шутирање и клоцање на вратата со раце и со нозе. По завршување на смената, училишниот дефектолог која пристигнала во центарот на градот, забележала дека се упатува зад неа и дека се обидува да ја следи. Дефектологот успеала некако да се оддалечи и веднаш ги известила сменоводителите и директорката за настанот. Исто такво следење е пријавено од наша ученичка која неколку пати забележала дека ја следи ученикот.

Нотирано е и дека родителите никогаш не се појавиле на родителска, а кога биле повикани од во училиште рекле дека не можат да доаѓаат бидејќи се зафатени со добитокот.

Мислењето е дека тие не ја сфаќале сериозноста, но во еден случај сега осомничениот сериски убиец се пожалил дека го тепале.

Тие негирале. За дел од инцидентите била запознаена и полицијата. Таков бил случајот кога тој со играчка пиштол застанал пред продавница, не нападнал никој но ги исплашил сите.

  • Мислење на стручна служба на ССОУ Киро Бурназ – Куманово: Продавачката истото го пријавила во полиција по што во училиштето се појави група на инспектори кои сакаa да разговараат со ученикот за да го разјаснат случајот. Ученикот заедно со дефектологот во полициската станица разговараа со дежурните службеници и ја разјаснија случката, а за разговорот е направен записник и на ученикот му е изречена предупредувачка опомена.

Телма се уште нема одговор од Центарот за социјални грижи дали постапиле по овој случај. Ниту полицијата не открива детали.

Како серискиот убиец од кумановско бил невидлив за полицијата?

Но после седум години истиот ученик е осомничен дека извршил неколку убиства и силувања на жени.

Биле наоѓани мртви во своите домови но, никој не истражувал како починале.

По последното убиство започна подетална истрага за пет случаи. Јавно проговорија две старици кои само среќата ги спасила.

Билјана Николовска

Б.С.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе