Вести Македонија

Вејп и ајкос уреди ќе се забранат во затворени простории

Листата со забелешки за новиот предлог закон за заштита од пушење е долга, реакциите бројни, интересите спротивставени. Работната група ги чешла сите предлози, а на крајот ќе пресече што ќе помине, а што ќе отпадне. Едно веќе е речиси сигурно, локалите наместо три, ќе треба да рушат два ѕида. По проценките на институциите, голем дел од угостителските објекти едноставно немаат услови за отворање од три страни, па компромисот паднал на две. Но тука не застануваат измените. Вејп, ајкос и сите слични уреди повеќе нема да смеат да се користат во затворени простории. Барањето тие да останат дозволени, не помина.

„Електронските цигари имаше барање да продолжат да се консумираат во затворени простории, тоа не беше прифатено и цениме дека тие се исто така толку штетни колку традиционалните цигари и нема да биде прифатено тие да се консумираат во внатрешни простории. За жал како држава сме на врвот во Европа за консумирање на нетрадиционални или т.н модерни електронски уреди и ќе бидат забранети сите тие вкусови кои што се благи или атрактивни за младите, а според направените анализи и според барањата само ќе дозволиме електронски цигари да се продаваат со неутрален вкус и со вкус на тутун се со цел да може населението кое што веќе консумира традиционални цигари да може да се префрли на електронски, а да не бидат наменети за младата популација бидејќи цениме дека ова е прв гејт на младите да почнат да пушат а почнувајќи од такви нетрадиционални или иновативни модерни решенија кои што за жал денеска ги имаме на пазарот. Така да тие ќе бидат строго забранети за продажба“, вели Азир Алиу министер за здравство

 Угостителите побарале и тригодишен грејс-период за прилагодување, но тој предлог бил одбиен. Наместо три ќе добијат една година за адаптација на новите правила. Откако работната група ќе ги разгледа сите забелешки доставени преку ЕНЕР, конечната верзија на законот ќе оди на усвојување во Владата, а потоа и пред пратениците во Собранието.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов закон за органодарителство – одлуката ќе ја носи самиот граѓанин

Sasko Dimovski

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот скандал е политички избор

Дејан Дејан

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе