Вести Свет

Зеленски: Путин веќе ја почна третата светска војна

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во интервју за BBC изјави дека рускиот лидер Владимир Путин „веќе ја започнал Третата светска војна“ и дека единствениот одговор е силен воен и економски притисок врз Москва.

Тој категорично ја отфрли можноста Украина да се повлече од делови на Доњецк, Херсон и Запорожје во замена за прекин на огнот, оценувајќи дека таков чекор би значел „напуштање на сопствениот народ“ и би го поделил украинското општество.

Зеленски порача дека Украина нема да загуби затоа што се бори за независност, но призна дека враќањето на границите од 1991 година е прашање на време и капацитети… Според него, Путин би искористил евентуален прекин на огнот за да се прегрупира и повторно да продолжи со агресијата во рок од неколку години.

Осврнувајќи се на односите со САД, Зеленски изјави дека без долгорочни безбедносни гаранции од Вашингтон не може да се разговара за избори или за отстапки, нагласувајќи дека „успехот за Украина значи запирање на Путин“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе