Отстранување на регулативата од Предлог- Законот за високо образование со која се одзема автономијата на УКИМ. Ова денеска го побара ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова на дебатата на Филолошкиот факултет за Предлог- Законот за високо образование. Таа очекува враќање на финансиската, кадровската и автономија во врска со функционирањето на УКИМ. Нејзиниот став го делат од уметничките факултети, кои побараа во законот да влезат спецификите за тие дејности. А, министерката Јаневска рече дека дебатата е за да се дојде до најдоброто решение на текстот на Предлог- законот, кој пак ќе оди на ЕНЕР, пред да оди на влада.
УКИМ очекува отстранување на регулативата од Предлог- Законот за високо образование, со која се одзема автономијата на Универзитетот. Ректорката очекува автономија во делот на финансирањето, функционирањето и кадровското екипирање на УКИМ.
- „Тоа е пред сѐ во делот на органите на управување на универзитетот. Дел од ингеренциите на Сенатот , како највисок орган на управување на универзитетот сега се префрлени во Универзитетскиот Совет, кој што се трансформира од тело во орган на управување на универзитетот.Понатаму, сметаме дека една академска заедница во Македонија нема да направи диференцијација во квалитетот на високото образование. Критериумите по кои што се избираат наставниците на УКИМ во моментот се највисоки критериуми во земјава. И треба да ни се остави слобода и понатаму да можеме сами да ги воспоставуваме критериумите без согласност, со слободна флуктуација или мобилност од еден на друг универзитет“, изјави Биљана Ангелова – ректор на УКИМ.
За уривањето на автономноста на УКИМ, реагираа и од ФДУ и ФМУ. Велат не се земени предвид спецификите на овие факултети.
„Се нарушува таа автономност , од една страна. И од друга страна, тоа што се однесува до нас како уметнички факултети е речиси неземено предвид воопшто нашата специфика. И доаѓаме во судир со многу работи кои реално , во пракса не можат да се реализираат“, истакна Бесфорт Идризи- декан на Факултет за драмски уметности.
„Се запоставени спецификите на нашите студии. Особено ФМУ е навистина специфичен и во рамките на уметничките факултети затоа што само кај нас постои настава 1:1“, објасни Дарија Андовска – декан и професор на ФМУ.
Министерката за образование, Јаневска кажа досега на дебатите се изнаслушала лаги и дезинформации за укинување на вонредните студии и дека не се финансиираат научно- истражувачки проекти.
„Министерството не е спротивставена страна. Напротив, министерството во соработка со универзитетите го почна и на ист начин и ќе го заврши законот“, рече Весна Јаневска- министерка за образование и наука.
На ЕНЕР од викендот е ѝ Предлог- законот за научно – истражувачка дејност.
Сотир Трајков
Дигитална обработка: T.Д.
