Вести Македонија Најважни

Груби е веќе спроведен во затворот во Шутка

Поранешниот вицепремиер Артан Груби кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце веќе е спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, потврди за Телма директорот на затворот  Бобан Утковски.

Груби во затворот е донесен околу 9:20 часот и е во келија со уште едно лице и според изјавата на директорот се чекаат инструкции дали тој денеска ќе биде однесен во ОЈО. Покрај Груби осомничен во овој случај е и Прпарим Бајрами, претседател на Управниот одбор и Генерален директор на „Државна лотарија“. И тој е во бегство. За Груби претходно беше определна мерка притвор во отсуство.

Со насмевка, очила на лицето и црн шал околу рацете, видео од апсењето на Груби

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Нов закон за органодарителство – одлуката ќе ја носи самиот граѓанин

Sasko Dimovski

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот скандал е политички избор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе