Откако во септември во 2023 година со минирање на планината над селото Горна Бањица почна да се гради новопроектираната делница Гостивар – Букојчани, дел од Коридор 8, денес според властите направена е траса на 11 од околу 31 километар. Оваа делница треба да го заобиколи превојот Стража на пат кон Охрид. Властите признааваат дека експроприцијата е тековен предизвик.
„Имаме ние некаде околу 80 отсто сме готови со експропријацијата. Така одиме напред пред „Бехтел&Енка“, да да не бидат во застој. Експропријацијата е еден од посложените проблеми при реализацијата на инфраструктурните проекти, а особено се наоѓаме во населени места“, изјави Коце Трајановски, директор на ЈП „Државни патишта“.
На оваа делница работат 600 работници и повеќе од 500-тини градежни машини. Според Трајновски, се води постапка за избор на изведувач на делот од Букојчани до Кичево.
„Од другата страна треба да се поврзе од Гостивар до Тетово со новиот автопат, а веќе е во долната страна треба да се поврзе со новиот автопат којшто ќе се гради од Букојчани до Кичево и од таму од Кичево до Струга, автопатот што е веќе во прогрес. Така што ова е целиот автопат којшто оди на западното крило на Коридорот 8, автопат кој треба да го поврзе целиот овој регион, да донесе голем економски бенефит, многу повеќе бизнис и многу повеќе туристи“, рече Александар Николовски, министер за транспорт.
Градењето на автопатите беше озвоможено со посебни измени во неколку закони.
Александар Самарџиев
