Во Кочани денеска се одржа „Марш за ангелите“. Семејствата на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ јавно ги изразија своите барања за побрзо и потранспарентно одвивање на судскиот процес.
Тие побараа судењето да се води според ветената динамика, со редовни рочишта и без одолговлекувања, да се почитуваат правилата за контрола на притвор и да се обезбеди целосна проверка на документацијата и изјавите на сведоците.
Маршот беше начин да се потенцираат загриженоста и очекувањата на семејствата за правдата да биде целосно исполнета.
