Вести Македонија Топ вести

Лудило под маски во Струмица, вечери со смеа, танци и оригинални креации – синоќа маскенбал, вечерва карневалско дефиле

Синоќа во Струмица се одржа познатиот струмички маскенбал, настан што традиционално се одржува пред големото карневалско дефиле. Под светлата на сцената и во ритамот на музиката, стотици маскирани учесници донесоа креативност, боја и силна енергија. Градоначалникот Петар Јанков рече дека очекува спектакуларно издание на Струмичкиот карневал.

„Очекувам да го имаме едно од највозбудливите и најдобри карневалски изданија. Наша обврска е да се унапредуваме и подобруваме. Имаме гости од цел свет. Групи што ќе се натпреваруваат пристигнаа од Хрватска, Црна Гора“, рече Петар Јанков, градоначалник на Струмица.

Маскенбалот донесе вистинско „лудило под маски“, вечер исполнета со смеа, танц и оригинални креации. Групата „Мулен руж“ годинава повторно привлече внимание со својата впечатлива маска, симболично наречена „Мрежа на вистината“, која преку уметнички израз испраќа порака дека секој може да се заплетка во сопствената лага или вистина. Публиката со нетрпение ја очекува и нивната нова маска што ќе биде претставена на карневалската поворка.

„Оваа вечер е големо лудило под маски. Струмица е во екот на карневалите и убавите маски. Убава е целата енергија, така што можеме да кажеме дојдете да учествувате на Струмичкиот карневал. Сите уживаме, се забавуваме. Ја претставуваме мрежата на вистината, каде секој може да се заплетка во својата лага или вистина. Ова е маската на групата „Мулен руж“ од ланската година, овогодинешната маска ќе ја видите утре“, рече Анита Станковска од групата „Мулен руж“.

„Ова е прекрасна забава, многу сме задоволни, се гледаме утре“, рече Нена Шириќ Милошева, учесничка на маскенбалот.

Меѓу највпечатливите беа и годинашните принц и принцеза, кои по повеќе од една деценија активно учество, ја добија честа да ја понесат титулата. Нивната маска „Кралеви на подиумот“, инспирирана од 80-тите години на минатиот век, внесе дух на диско ерата и дополнително ја раздвижи атмосферата.

„Чувството е навистина прекрасно. Цели 12 години учествуваме на овој маскенбал и оваа година имаме чест да бидеме принц и принцеза. Нашата маска е „Кралеви на подиумот“, инспирација од 80-тите години на минатиот век. Се радуваме што нашата маска беше избрана како успешна. Една порака, масовно да ја пренесеме оваа традиција на нашите деца, тие да учествуваат на маскенбалот и на Струмичкиот карневал“, рече Даница Тимова, принцеза на годинешниот карневал.

Струмица вечерва повторно ќе блесне во карневалски сјај, кога карневалската поворка ќе продефилира низ улиците, носејќи радост и креативност.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот скандал е политички избор

Дејан Дејан

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

Дејан Дејан

79 годишен возач удри и оштети шест паркирани возила во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе