Граѓани отворија и онлајн петиција со која се противат на изградбата на хидроцентралата на реката Блатешница. Според нив овој проект е сериозна закана за природната средина, водоснабдувањето, локалната заедница и иднината на новите генерации.
„Реката Блатешница е редок природен ресурс и дом на разновиден растителен и животински свет. Интервенции од ваков тип би довеле до уништување на природните живеалишта, нарушување на биолошката рамнотежа и исчезнување на локални видови“, стои во онлајн петицијата.
Според досегашните податоци, потпишани се над 1.700 граѓани. Апелот од страна на граѓаните е поради тоа што водоводниот систем на Блатец директно зависи од реката Блатешница, а изградбата на хидроцентрала би можела да ја намали количината на вода што пристигнува во водоводот. Дополнително може да се промени и квалитетот на водата, да предизвика ризик од пресушување на изворите во сушни периоди, како и да ги зголемени трошоците и нестабилноста во снабдувањето со вода за домаќинствата.
Иницијативата нагласува дека земјоделците кои живеат во Блатец им е потребен стабилен воден тек за наводнување. Намалувањето или пренасочувањето на водата може да влијае негативно врз приносите, квалитетот на земјоделското производство, како и економската стабилност на селото.
Иницијаторите додадаваат дека сето ова е нетранспарентно, па затоа е потребна и јавната консултација. Локалната заедница, како што велат тие, има право да биде информирана и вклучена во процесите кои директно ја засегаат. А то значи дека одлуките од ваков обем мора да се носат транспарентно и со почитување на интересите на жителите.
„Бараме од надлежните институции веднаш да го стопираат процесот за изградба на хидроцентралата. Да спроведат независна и целосна еколошка и хидролошка студија. Да ја гарантираат заштитата на водоснабдувањето. Да ја почитуваат волјата на локалното население. Да вложат во одржливи и еколошки прифатливи алтернативи“,пишува во петицијата.
Граѓаните посочуваат дека реката Блатешница треба да остане чиста, жива и достапна за сите затоа што водата е основно човеково право, а не ресурс за приватни интереси.
Т.Д.
