Вести Македонија Топ вести

Миланов во Топ Тема: Нема никаков ризик во ЕУ нашите возачи да бидат третирани како мигранти

Ќе бидат ли приморани домашните транспортни фирми да селат своите камиони и возачи за да преживеат? Во Топ Тема дебата со Синиша Миланов, Сојуз на стопански комори и Билјана Муратовска претседател на „Макам-транс“.

  • „Ние сепак сме мала бројка која може да се изолира од остатокот од светот. Не сме ризична категорија, возачите се сепак професионалци коишто си ја обавуваат секојдневната обврска, како што ние секојдневно одиме на работа и си ја работиме својата работа, тоа е нивниот дел од работата“, истакна Миланов.

Според него возачите се уредно пријавени тука во македонските фирми, уредно си земаат плата, се плаќаат придонеси за нив, матична држава им е. Значи нема никаков ризик Европската Унија од нашите возачи да бидат третирани како, да речеме, мигранти, а исто така не треба да бидат третирани ниту како туристи, бидејќи тие само таму транзитираат и буквално одат да ја завршат работата и повторно да се вратат.

  • Јас верувам дека сега бидејќи се обедини Балканот – ние како држава, како Македонија сме можеби мала, меѓутоа сега кога се обедини Балканот, веќе е гласна пораката и тоа се осети кога беа блокадите, вели Миланов и додава дека Европската Унија сериозно го сфати тоа и дека ќе се преиспита и ќе изнајде брзо решение, бидејќи како што напоменавме, не се работи само за нашата економија, туку се работи и за нивната економија. Да не забораваме, една од поголемите членки на Европската Унија и држава на Западна Европа е Германија.

Германија кај нас има многу голем фокус во автомобилската индустрија, значи многу големи компании кај нас во технолошко-индустриските зони се со фокус за производство или доработка на делови коишто се за автомобилската индустрија.

Тој истакна дека можеби 70-80% од економијата на Германија се состои од автомобилската индустрија. Тоа се увиде и во времето на КОВИД кога имаше прекини и кога имаше привремени застанувања со работа на фабриките, колку претрпе економијата на Германија, рече тој во вечерашната Топ Тема.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе