Вести Свет Топ вести

Венс: САД јасно ставиле до знаење каде се нивните црвени линии во преговорите со Иран

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, во интервју за „Фокс Њуз“ изјави дека разговарал со Џаред Кушнер и Стив Виткоф за преговорите на САД со Иран.

Венс рече дека САД јасно ставиле до знаење каде се нивните црвени линии, вклучително и блокирањето на Иран да се здобие со нуклеарно оружје, и иако би претпочитале дипломатско решение, „претседателот Трамп  ги имал сите опции на маса“.

Потпретседателот за преговорите рече: „Во некои аспекти, поминаа добро“ бидејќи се согласија повторно да се сретнат. но,  „во други аспекти, изјави Венс, беше многу јасно дека претседателот постави некои црвени линии што Иранците не се подготвени всушност да ги признаат и да ги надминат.

-Мислам дека претседателот има многу опции. Имаме многу моќна војска. Претседателот покажа подготвеност да ја искористи. Тој исто така има извонреден дипломатски тим. Тој покажа подготвеност да го искористи и тоа. И така, она што претседателот беше многу јасен со Иранците,  а всушност, утрово разговарав со Стив Виткоф и Џаред Кушнер за некои од нивните преговори, е дека Соединетите Држави имаат одредени црвени линии. Нашиот примарен интерес тука е што не сакаме Иран да добие нуклеарно оружје. Не сакаме нуклеарно ширење ако Иран добие нуклеарно оружје. Постојат многу други режими, некои пријателски, некои не толку пријателски, кои би добиле нуклеарно оружје по нив. Тоа би било катастрофа за американскиот народ затоа што потоа ќе ги  имате овие луди режими низ целиот свет со најопасното оружје во светот, изјави Венс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе