Нивото на Вардар е намалено и во моментов нема опасност од излевање, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во тетовскиот регион, патот меѓу селата Тумчевиште и Чегране останува затворен.
Во кичевскиот регион се очекува стабилизација. Евакуирани се 250 луѓе од 63 семејства на кои им се обезбедени храна, вода и медицинска грижа, а екипите продолжуваат со расчистување на коритата, канализациската мрежа и испумпување на водата од поплавените објекти.
Вчера силен ветер ја откорна лимената покривна конструкција на средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.
Во скопскиот регион, силниот ветер синоќа откорна повеќе дрва и искина кабли на шест локации и оштети паркирани автомобили.
