Вести Македонија

„Стоп за УСЈЕ“ и Општина Кисела Вода со различни ставови за присуството на отровни честички во воздухот

Граѓанската иницијатива „Стоп за УСЈЕ“ и Општина Кисела Вода со спротивставени ставови.

Од иницијативата обвинуваат дека се неточни податоците на општината од мерната станица која е поставена во кругот на цементарницата.

Бараат резултатите да бидат јавно објавени на апликациите и веб-страници на кои се следи квалитетот на воздухот од повеќе локации во државата. Но, велат од општината добиле одговор дека во моментов тоа не е возможно.

  • „Од таму ни одговорија цитирам: Mерните станици нема да можат да се интегрираат во апликацијата Air Care, Air Quality на МЖСП, бидејќи истите не располагаат со систем кој поддржува 24/7 достапност на податоците. Ова тврдење на општината е целосна лага“- Александар Тодески, „Стоп за Усје“.

Од Општина Кисела Вода ги демантираат информациите. Велат дека сите вредности од мерната станица поставена во кругот на цементарницата „Усје“ се достапни на веб-страната на општината. Телма се обиди да ги спореди.

Ако се погледнат јавно достапните податоци од мерните станици на Министерството за животна средина очигледно е дека постојат разлики во измереното присуство на отровни честички во воздухот.

Па, така, ако се спореди присуството на ситна прашина, општината навела дека во фабричкиот круг на УСЈЕ имало 12,62 микрограми додека пак според  резултатите од мерната станица на Министерството за животна средина која се наоѓа во непосредна близина на цементарницата за истиот ден покажува 142,7 микрограми, што е речиси 12 пати повеќе. Слични се разликите и за останатите денови.

Иницијативата „Стоп за УСЈЕ“ во изминатиот период организираше неколку протести во непосредна близина на цементарницата, барајќи нејзина дислокација.

Според нив, фабриката е еден од главните загадувачи на воздухот во Скопје.

Од компанијата УСЈЕ, пак, во повеќе наврати ги отфрлија обвинувањата, посочувајќи дека и во периоди кога фабриката не работи, нивото на загадување во градот останува високо.

Тамара Марковска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе