Вести Македонија Најважни

ССМ со ултиматум до Владата – одлука за повисок минималец или протести и генерален штрајк

Владина одлука за законски измени на минималната плата или нов протест, генерален штрајк и блокади. Ова е пораката која денес ја испрати ССМ од блокадата пред зградата на Илинденска број 2. Претставниците на ССМ  уште еднаш потсетија дека Владата не го поддржа постигнатиот договор со работодавачите минатата година за зголемување на платите и владино субвенционирање на придонесите.

  • „Упатуваме порака до Владата- денес, на денешната седница, многу сериозно да разговара за барањето на работниците за зголемување на минималната плата, како и за зголемување на останатите плати. Бараме, многу сериозно да размислуваат и да разговараат на денешната седница, да ги ослободат работодавачите или да подадат рака на бизнисот, како што ќе подадат рака на работниците за зголемување на платите и за ослободување на придонесите. Ги потсетуваме дека, пред една година, кога бевме тука на преговори и разговори еднострано го одбија, иако ССМ и работодавачите беа договорени“ – Слободан Трендафилов претседател на ССМ.

Од Владата посочија на Економско социјалниот совет како место каде се водел социјалниот дијалог и каде што транспарентно се разговарале сите прашања како и дека се подготвени да преговори за Општиот колективен договор. Го посочија договорот со УПОЗ како резултат на социјалниот дијалог.

  • ВЛАДА: Во таа насока беа и одлуките за зголемување на платите во јавното здравството, образованието и безбедноста-Министерството за внатрешни работи, како и зголемувањето на платите за околу единаесет илјади луѓе од администрацијата и од службите во судовите и обвинителствата ќе добијат околу 40% повисока плата, од таа што денеска ја добиваат до 2028 година. Економско-социјалниот совет има ефикасна динамика на работа која подразбира средби со сите членови најмалку еднаш во месецот.

Минатата година имаше вкупно три состаноци на ЕСС а на последниот, кој се одржа во декември, минималната плата воопшто не беше поставена како точка на дневен ред.

Кон средината на идниот месец ССМ ќе организира уште еден протест а остануваат и на најавата за дваесет и четиричасовен генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор.

  • „Да ни се потсмеваат, и да ни кажуваат како тие сметаат дека минималната плата треба да изнесува и 800 евра, а не сакаат да ја зголемат е несериозно нешто во една демократска држава. Сакаме да упатиме порака дека, доколку до крајот на месец февруари, не се договорат, не седнат, не разговараме за зголемување на минималната и на сите останати плати, следува генерален штрајк со генерален работнички протест во неработно време, на кој ќе бидат повикани сите работници кои сметаат дека платите им се ниски“ – Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Според законското решение минималната плата ќе се зголеми за околу 1.600 денари и ќе изнесува околу 26 илјади денари што ќе биде најнизок минималец од сите држави во регионот освен Косово.

Огнен Чанчаревиќ

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе