Мој впечаток е дека седницата на советот на јавни обвинители на која даваше мислење за кандидатите за државен јавен обвинител беше формална, рече Ивана Петковска, правен експерт, во денешното издание на „Директно“ на ТВ Телма.
„Немаше некоја суштинска дискусија за кандидатите, освен стандардното користење на сите оние генерички образложенија кои што сме ги слушнале и претходно. Дека станува збор за кандидати кои што се професионалци, кои што се долго во професијата како јавни обвинители, освен судијата Ненад Савевски и дека истите имаат интегритет, кредибилитет и морални и етички вредности кои што ги носат со себе. Ништо повеќе не слушнавме од тоа што и претходно се дискутирало. Навистина се остави впечаток само за формално носење на одлуки за позитивно мислење за четворица кандидати“, смета Петковска.
С.Д.
