Воз излета од шините во областа Гопенштајн во швајцарскиот кантон Вале откако лавина ја погоди пругата. Полицијата потврди дека е во тек операција на местото на настанот и дека неколку лица се повредени.
16.02.2026 – 07:00 Uhr, Goppenstein, Zugsentgleisung, vermutlich mit verletzten Personen, Einsatz läuft, weitere Informationen folgen. pic.twitter.com/AHZxFhZ2w6
— Polizei Wallis (@PolizeiWallis) February 16, 2026
Според објавата од локалната полиција на платформата Икс, безбедносните сили се на местото на инцидентот, додека првичните извештаи укажуваат на повредени патници. Портпаролот на железничката компанија BLS потврди дека излетувањето од шините е предизвикано од лавина што ја погодила пругата.
Од BLS изјавија за веб-страницата Blick дека возот што излетал од шините бил регионален експресен воз што тргнал од Шпиц, во кантонот Берн, околу 6:00 часот наутро. Според компанијата, процесот на отстранување на патниците од возот ќе започне веднаш.
