Вести Свет

Рјабков: Руската делегација во Женева со инструкции да дејствува во рамки на договорот од Алјаска

Руската делегација заминува во Женева на мировни преговори за Украина со јасни упатства да дејствува во рамки на договорите постигнати на руско-американскиот самит на Алјаска, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

„Можам да кажам дека нашата делегација вечерва заминува со најјасни можни упатства да дејствува во рамките кои (рускиот и американскиот) претседатели (Владимир Путин и Доналд Трамп) ги договорија за време на нивниот состанок во Енкориџ. Без тоа не може да се постигне успех“, рече Рјабков, пренесува Тасс.

Рјабков потврди дека на преговорите во Женева, кои ќе се одржат утре, предвиден е и „трилатерален руско-американско-украински“ состанок.

„Прашањата се сложени и веројатно никој не би можел да го предвиди исходот од разговорите што ќе се одржат утре. Мораме да обезбедиме дека потенцијалниот договор ќе биде одржлив. Тоа значи, меѓу другото, дека мора да се занимава со прашањата кои се во коренот на овој конфликт. Постојат многу други аспекти кои во последно време интензивно се разгледуваа и продолжуваат интензивно да се разгледуваат“, рече Рјабков.

Кремљ претходно соопшти дека руската делегација во Женева ќе ја предводи помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински, а најавено е дека американската делегација ќе ја предводат специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и високиот советник на Белата куќа, Џаред Кушнер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе