Нови пријави за штети на земјоделските насади. Стариот проблем со дивеењето на кравите во кривопаланечкиот регион, не може да го реши општина Крива Паланка.
Оттаму реагираат дека иако има правосилни одлуки, државните институциите мораат да постапуваат по нив.
- Спроведените инспекциски надзори од страна на Агенција за храна и ветеринарство резултираа со констатирани прекршувања на прописите за заштита и благосостојба на животните, како и непочитување на претходно наложените мерки. Донесените решенија се правосилни и задолжителни за извршување и нивното спроведување не смее да биде доведено во прашање. Непочитувањето на институционалните одлуки и продолжувањето на постапки спротивни на закон претставува сериозен преседан што директно ја загрозува безбедноста на граѓаните, имотните права и јавниот ред и стабилноста во локалната заедница, од општината барат итно постапување и информираат дека во таа насока, дел од граѓаните најавиле организирање мирен протест на 26.02.2026 година, со цел да се укаже на нивната загриженост и да се побара целосно, доследно и навремено спроведување на донесените институционални одлуки.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
