Вести Македонија Топ вести

Еден метар вода навлегла во куќите во Сарај

Вака синоќа изгледаа дворовите во скопски Сарај. Надојдените води, неисчистеното речно корито, за неколку часа ги поплавија домовите, дворовите и нивите во повеќе села.

Најпогодено е селото Буковиќ, каде водата буквално влезе во куќите.

На некои места стигна и до првиот кат. Уништени се пластеници, поплавени се подруми, остави. Тоалети, мебел и бела техника, се потопени во каллива вода. Луѓето ноќта ја поминале во страв, но и загрижени за нивното здравје. Денеска се обидуваат да спасат се што може да се спаси.

  • Се делуваше со насипи до езерцето до реката. До езерце реков затоа што личеше на езерце. За среќа нема жртви. Луѓето навремено се евакуирани кај роднини, на повисоките места тука по селата. Хаотично е. Верувам дека ќе помогне државата. Страшни штети има по домаќинствата, по возилата, возниот парк.. не знам дали ќе проработат возилата. Но, најважно е бидејќи е зимски период што побрзо да се направи таа проценка на штети и да помогне Владата- жител на с.Буковиќ О.Сарај.

Поплави имаше и во соседното село Семеништа. Таму, плодните ниви денес личат на езера. Водата се излеа низ дворовите и бавчите, уништувајќи го она што семејствата со месеци го одгледувале.

-Се по куќите, по нивите отиде. Мене само нива и најлон што ставивме за бавча тоа е уништено. Ова требаше да се прави од 2018, но само се сликаат и ништо до сега- жител на с.Семеништа О.Сарај.

На терен ги затекнавме општинските служби кои правеа проценка на штетите, а записниците ќе треба да ги испратат до Владата, која треба да одлучи за обештетување. Градежен шут, дивоградби изградени покрај реката и човечки фактор се причина за катастрофата, вели градоначалникот на Сарај.

  • Веднаш сабалје со министерот за екологија Хоџа, директорот на ЦУК Али бевме на координација. Се координиравме и сите екипи се на терен да прават вештачење на целата ситуација и подоцна ќе излеземе со извештај и ќе преземеме во рамки на законот. Сите нешта што треба да се прават, Мухамет Елмази градоначалник на општина Сарај.

Но за жителите, извештаите и законите не ја извлекуваат водата од нивните домови. Поплавени се повеќе од 30 домови, улици под вода, а калта и мирисот сведочат за ноќта што за жителите нема лесно да се заборави.

Граѓаните бараат помош но и алармираат проблемот да се реши веднаш за вакви поплави да не се повторат.

Симона Петровска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе